Nurullah Kalay
16 Април 2017•Ажурирај: 16 Април 2017
МАНИСА (АА) - Во населеното место Кајранокчулар во турската западна област Маниса, заврши гласањето кое се однесува на пакетот уставни промени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во населеното место живеат 18 луѓе, а 12 од нив имаат право на глас.
Гласачите во осум часот по локално време (07:00 GMT) дојдоа да ја извршат својата граѓанска должност, а избирачкото место беше отворено само 12 минути. Жителите по гласањето се вратија на своите секојдневни обврски.
Најстариот гласач, воедно и старешина е Ахмет Али Јигит (73), а најмладиот е неговиот братучед, Вели Јигит (29).
Вели Јигит кажа дека гласањето траело 12 минути и дека се чека отворањето на гласачката кутија предвидено за 17 часот по локално време (16:00 GMT).