Erkan Şimşek,Sedat Şimşek,Nurullah Kalay,Turgay Duyar
26 Јули 2016•Ажурирај: 27 Јули 2016
МАНИСА (АА) – Бабата Ајше Карабубер (113), која живее во Тургутлу, во провинцијата Маниса, е една од мномумина кои присуствуваат на стражата за демократија на отпорот против обидот на ФЕТО за државен удар, јавува Anadolu Agency (AA).
Децата на Карабубер ја довеле на местото на одржувањето на демократската стража со. Таа учествуваше во стражата за демократија во инвалидска количка.
Карабубер на себе го привлече вниманието со турското знаме, со шамијата, со сликата на Реџеп Тајип Ердоган, таа се молеше за татковината.Во изјавата што ја даде за дописникот на АА, Карабубер рече дека знае што може еден удар да одземе од државата, и додаде:
„Се молам за претседателот Реџеп Тајип Ердоган и за државните претставници што се заедно со него. Бог да даде долг живот за нашата држава и за нашите владетели. Јас ги видов сите настани. Знам што имаше доживеано народот во тие периоди. Да не даде Бог да се повтори истото. Поради тоа што не сакам уште еднаш да бидам сведок на удар, на децата им реков да ме доведат овде“.
Карабубер беше еден час на улица. Потоа, нејзините деца ја вратија дома.
Претседателот за округот Тургутлу од АК Партијата, Муршит Гедизли изјави дека многу му било мило поради присутвото на баба Ајше на демократската стража. Тој додаде: „Со младите и со старите сме на улиците. Нѐ поддржа и нашата стара баба Ајше. Бог да ја благослови.
Терористичката организација ФЕТО научи лекција од турскиот народ. Предавниците ќе страдаат од казната, која ја заслужија. Сите заедно ќе ја заштитиме државата“.
- Стража за демократија и во Шехзадe
Демократска стража имаше и на плоштадот Манолја, во Маниса. Луѓето, со турски знамиња во рацете и со постери на претседателот Реџеп Тајип Ердоган дошле на плоштадот за отпор против обидот за државен удар на ФЕТО.
На плоштадот се читаше Куран за луѓето што загинаа за време на обидот за државен удар.
- Округот Демирџи
Имаше голем интерес и за стражата за демократија што се одржа во округот Демирџи, Маниса, против обидот на ФЕТО за државен удар. Толпата што се собра пред Општинскиот дом за култура, протираше под турските знамиња.
Потоа, претставниците на муфтиството во округот Демирџи читаа Куран и (духовни) верски песни.
Претседателот на филијалата на Синдикатот на наставниците, Мустафа Каја, и претседателот на филијалата во Демирџи на Синдикатот за турско образование, Шереф Гунџан, одржаа говор на кој ја нагласија важноста на демократијата и го осудија обидот за државен удар.