Балкан

Лидерите на земјите од Западен Балкан во Брисел со сретнаа со претставниците на ЕУ

„Недавањето зелено светло за Северна Македонија по долгогодишното чекање и изнаоѓањето решение за проблемот со името, претставува сигнал за политички недостатоци во регионот. Мораме да продолжиме со работата“, истакна Димитров

Lejla Bıogradlıja  | 17.02.2020 - Обновена : 17.02.2020
Лидерите на земјите од Западен Балкан во Брисел со сретнаа со претставниците на ЕУ (Foto: Dursun Aydemir/Anadolu Agency)

БРИСЕЛ - Лидерите и претставниците на земјите од Западен Балкан синоќа во Брисел со сретнаа со претставниците на ЕУ, јавува Агенција Анадолија (АА).

Домаќин на неформалниот состанок беше претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој во Брисел се состана со лидерите и претставниците на Северна Македонија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово. По средбата изјави за новинарите дадоа учесниците на состанокот.

Никола Димитров, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, изјави дека доколку регионот напредува силно, тогаш тој ќе може да најде свое место во ЕУ.

Во врска со започнувањето на преговорите за членство во ЕУ, Димитров рече: „Не можам да зборувам во име на Албанија, но мораме да успееме. Недавањето зелено светло за Северна Македонија по долгогодишното чекање и изнаоѓањето решение за проблемот со името, претставува сигнал за политички недостатоци во регионот. Мораме да продолжиме со работата.“

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, за периодот по состанокот во Брисел истакна дека земјите од Западен Балкан ги очекува период во кој треба да направат значајни чекори и додаде: „Пред нас се појави ЕУ со обновена политика за проширување. Се надеваме дека напролет ќе започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија.“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, посочи дека на состанокот имало добра енергија, истакнувајќи дека состанокот резултирал со корисни дијалози.

Жељко Комшиќ, претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина не даде изјава по состанокот, но подоцна се обрати со писмено соопштение.

Истакнувајќи дека ЕУ ќе има поголеми активности на економските и социјалните полиња во регионот, Комшиќ во соопштението вели: „На состанокот ЕУ уште еднаш повтори дека има за цел да биде моќна и стабилна.“

На состанокот, покрај Шарл Мишел, учествуваа челничката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, кој во моментов е периодичен претседател на Советот на ЕУ.

Посакувајќи Северна Македонија и Албанија во најкус период да ги започнат преговорите за членство во ЕУ, Пленковиќ изјави: „ЕУ ќе развие нов инвестициски пакет за Западен Балкан. Тоа ќе го претставиме на Самитот за Западен Балкан што во мај ќе се одржи во Загреб. Нашиот мандат во Претседателството на ЕУ е важно за членството на земјите од Западен Балкан.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın