Tevfik Durul
28 Август 2019•Ажурирај: 29 Август 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, престојува во официјална посета на Белорусија, каде што оствари средба со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, пренесува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу на Твитер сподели објава во врска со неговата средба со Лукашенко, во главниот град Минск.
„На мојата средба со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, го пренесов поздравот на нашиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. Со пријателската земја Белорусија имаме прекрасни односи. Преку оваа средба уште повеќе ќе ги унапредиме нашите односи“, напиша Чавушоглу.
Шефот на турската дипломатија, пред неговата средба со белорускиот претседател, положи цвеќе на Споменикот на храбрите загинати херои во Минск.