Elena Teslova
26 Март 2019•Ажурирај: 27 Март 2019
МОСКВА (АА) - Министерството за одбрана на Русија соопшти дека тројца руски војници се убиени во напад во источниот дел на Сирија кој милитантите го извршиле кон крајот на минатиот месец, јавува Anadolu Agency (AA).
Руските трупи се враќале во нивната база откако доставиле хуманитарна помош во село во околината на градот Деир ез Зор.
Тие биле фатени во заседа, а подоцна исчезнале.
Во соопштението на Министерството се вели дека групата која е вклучена во нападот била пронајдена и уништена.
„Телата на руските војници се пренесени во нивната земја“, се додава во соопштението.
Русија покрена воена операција во Сирија во септември 2015 година.
Руските сили во 2017 година повлекоа поголем број војници од Сирија, но и понатаму дејствуваат од воздушната база „Химејмим“ во Латакија и од поморската пристанишна база во Тартус.