Eşref Musa,Burak Karacaoğlu
26 Март 2019•Ажурирај: 26 Март 2019
ИДЛИБ (АА) - Асадовиот режим во Сирија и странските терористички групи поддржани од Иран извршија минофрлачки напад врз едно училиште во селото Шејх Идрис, кое се наоѓа во границите на зоната за деескалација во Идлиб, при што, според првичните сознанија, животот го загубиле два ученика, додека пет се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран изутрина извршија минофрлачки напад врз основното училиште во селото Шејх Идрис во подрачјето на Серакиб, кое се наоѓа во југоисточниот дел на Идлиб.
Според информациите добиени од изворите на Цивилната одбрана, во нападот загинале два ученика, додека пет ученици биле повредени.
Постои загриженост од зголемување на бројот на загинатите.
Режимот и неговите поддржувачи од утринските часови вршат минофрлачки напади во подрачјата на Хан Шејхун и Teманије и во селото Шејх Идрис, кои се наоѓаат во Идлиб, како и во подрачјата на Кефер Зита и Латамине, и селата Лахаја, Ел Хувејиз и Ел Шериа, кои се наоѓаат во Хама.
Од почетокот на годината досега, најмалку 175 цивили загинаа, додека над 480 цивили беа повредени во воздушните и копнените напади врз цивилните населени места во границите на зоната на деескалација во Идлиб, кои ги вршат Асадовиот режим и терористичките групи поддржани од Иран, прекршувајќи го Договорот од Сочи.
И покрај Договорот од Сочи, потпишан меѓу Турција и Русија, со цел зајакнување на примирјето во Идлиб, силите на режимот во одредени интервали продолжуваат со напади. Русија, која е земја гарант за Асадовиот режим во рамки на договорите од Астана, има обврска да ги спречи нападите на режимот.
Воената опозиција на 10 октомври 2018 година ги повлече тешките оружја од зоната предвидена во Договорот од Сочи, постигнат на 17 септември 2018 година.