свет

Бројот на загинати во нападите врз село во Мали достигна 154 лица

Бројот на загинати во нападот што изминатиот петок во селото Огосагу го изведоа вооружени лица кои носеле облека на ловците Дозо, се искачи на 154 лица, а бројот на ранетите е 30.

Alaattin Doğru  | 26.03.2019 - Обновена : 27.03.2019
Бројот на загинати во нападите врз село во Мали достигна 154 лица

ДАКАР (АА) - Во нападот изведен врз селото Фулани, во подрачјето на Мопти во западноафриканската земја Мали, бројот на загинати се искачи на 154 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Според вестите објавени во националните медиуми, бројот на загинати во нападот што изминатиот петок во селото Огосагу го изведоа вооружени лица кои носеле облека на ловците Дозо, се искачи на 154 лица, а бројот на ранетите е 30.

Претседателот Ибрахим Бубакар Кеита, по посетата на подрачјето даде изјава за медиумите.

Претседателот Кеита изјави: „Сликата што можев да ја видам тука е стрелани невини деца, изгорени стари лица, пеплосани куќи во кои се наоѓале луѓе. Нешто подалеку, заедничка гробница во која се закопани 40 лица. Тие кадри нѐ потсетија на стравовите запишани во нашите сеќавања од минатото, од кои мислевме дека сме се спасиле.“

Кеита рече дека селото е испразнето во потполност, истакнувајќи дека државата ќе го санира селото, а на преживеаните ќе им додели храна.

Претходно, под лидерство на претседателот Кеита, се одржа вонредна седница на Советот на министри на која беа отпуштени началникот на Генералштабот, неговиот помошник и командантите на копнените и воздухопловните сили.

Милициските сили „Dan na Amassagou“ (ловци кои веруваат во Господ), составени од припадниците на групата ловци Дозо, кои државата ги формираше со цел да се борат против терористите, го напуштија состанокот на Советот на министри поради приговорите од страна на претставниците на локалната власт дека групата излегла од рамките на целта за која е формирана.

„Dan na Amassagou“, формирана во октомври 2016 е составена од ловци. Таа се смета за одговорна и за нападот извршен на 1 јануари врз селото Фуланилери, во подрачјето Кулогон.

Припадниците на групата Дозо, жителите на селото Фуланилери ги обвинуваат дека им даваат поддршка на милитантите на терористичките групи од северниот дел на земјата.

Фуланилерите главно живеат во централниот дел на Мали и претежно се занимаваат со сточарство. Тие се честа цел на напади поради терористичките настани што последните години се случуваат во подрачјето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın