свет

Либан со реакција против САД во врска со Голанската Висорамнина

„Лидерите на странските земји немаат право да донесуваат одлуки за териториите на други земји“, изјави Авн.

Emre Gürkan Abay  | 26.03.2019 - Обновена : 27.03.2019
Либан со реакција против САД во врска со Голанската Висорамнина

МОСКВА (АА) - Претседателот на Либан, Мишел Авн, истакнувајќи дека САД со одлуката во врска со Голанската Висорамнина го прекршиле меѓународното право, изјави: „Лидерите на странските земји немаат право да донесуваат одлуки за териториите на други земји“, јавува Anadolu Agency (AA).

Авн во рамки на неговата посета на Москва се сретна со претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин.

Авн, за време на средбата ја критикуваше одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, во врска со Голанската Висорамнина.

„Ваквите чекори на САД отворено ги прекршуваат меѓународните права и резолуциите на Советот за безбедност на ОН“, додаде тој.

Авн нагласи дека Арапите доживуваат мрачен ден поради одлуката на Трамп.

„Лидерите на странсктие земји немаат право да донесуваат одлуки за териториите на други земји“, истакна Авн.

Тој, критикувајќи ги политиките на Израел, додаде: „Не е прифатливо Израел да се признае како еврејска држава-нација. Израелците ја прифатија расистичката природа на нивната држава. Пред 70 години се боревме против Хитлер и фашизмот, додека денес Израел ги применува истите политики кои ги применуваше Хитлер.“

Авн укажа на економсите предизвици со кои се соочуваат сириските бегалци. „За кратко време ќе започне нов бегалски бран кон Европа поради економските проблеми се кои се соочуваат сириските бегалци“, нагласи Авн.

Претседателот на Државната дума, Володин, истакна дека САД го игнорираат Советот за безбедност на ОН, и дека сите земји треба да реагираат на одлуката на САД.

Голанската Висорамнина, која се наоѓа во јужниот дел на Сирија, од Шестдневната војна во 1967 година досега е под окупација на Израел, кој во 1981 година соопшти дека еднострано ја анектирал Голанската Висорамнина, но меѓународната заедница не ја призна оваа одлука.

Трамп вчера го потпиша претседателскиот декрет со кој го призна израелскиот суверенитет врз Голанската Висорамнина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.