свет

Резултати од вчерашните квалификациски натпревари за ЕВРО 2020

Во второто коло од квалификациите за ЕВРО 2020 синоќа се одиграа 7 натпревари во групите А, Б, и Х

Mutlu Demirtaştan  | 26.03.2019 - Обновена : 27.03.2019
Резултати од вчерашните квалификациски натпревари за ЕВРО 2020

ИСТАНБУЛ (АА) - Квалификациите за Европскиот шампионат во фудбал ЕВРО 2020 вчера продолжија со 7 натпревари, пишува Anadolu Agency (AA).

Вчера се одиграа 7 натпревари од групите А, Б и Х за квалификации за пласман на ЕВРО 2020, европското најпрестижно фудбалско натпреварување на националните селекции.

Во групата Х Турција на домашен терен ја совлада селекцијата на Молдавија, со резултат 4:0. Погодоците за Турција ги постигнаа Хасан Али Калдирим во 24. минута, Џенк Тосун во 26. и 53. и Каан Ајхан во 70. минута од натпреварот.

Во преостанатите средби од групата Х Франција го совлада Исланд со 4:0. Погодоците за Франција ги постигнаа Самуел Умтити во 12. минута, Оливер Жиро во 68., Килиан Мбапе во 78. и Антоан Гризман во 84. минута од натпреварот.

Репрезентација на Андора како домаќин загуби од селекцијата на Албанија со 0:3. Погодоците за Албанија ги постигнаа Армандо Садику во 21., Беким Балај во 87. и Амир Абраши во 90.+6. минута од натпреварот.

Во групата А Црна Гора ја пречека репрезентацијата на Англија. Иако Црна Гора прва поведе со голот на Марко Васовиќ во 17. минута, Англија набргу изедначи преку Мајкл Кин во 30. минута. Рос Баркли, со головите во 39. и 59. минута ѝ донесе предност на Англија од 1:3. Конечниот резултат и тежок пораз на Црна Гора од 1:5 на англиската селекција ѝ го донесоа Хари Кејн во 71. и Рахим Стерлинг во 81. минута од средбата.

Во втората средба од оваа група, Косово на домашен терен одигра нерешено 1:1 против Бугарија. Бугарија поведе во 39. минута преку Васил Божиков, а Косово изедначи во 61. минута преку Арбер Зенели.

Во рамките на групата Б селекцијата на Португалија ја пречека Србија. Натпреварот заврши 1:1. Србија поведе 0:1 во 7. минута преку Душан Тадиќ со удар од белата точка, а изедначувањето на Португалија ѝ го донесе Данило Переира во 42. минута од натпреварот. Португалската интернационална фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, поради повреда го напушти теренот во 31. минута од натпреварот.

Во оваа група се одигра и натпреварот меѓу селекциите на Луксембург и Украина. Иако домаќините поведоа во 34. минута преку Давид Турпел, гостите од Украина извојуваа победа од 1:2, благодарение на погодоците на Виктор Циганков во 39. и автоголот на Герсон Родригез во 90.+3. минута од судиското продолжение.

Со денешните 8 натпревари во групите Д, Ф и Ј, завршува второто коло од квалификациите на ЕВРО 2020.

Денес на програмата се средбите:

18:00 Ерменија - Финска

20:45 Малта - Шпанија

20:45 БиХ - Грција

20:45 Романија - Фарски Острови

20:45 Швајцарија - Данска

20:45 Италија - Лихтенштајн

20:45 Норвешка - Шведска

20:45 Ирска - Грузија


Резултати од вчерашните натпревари:

Група А

Црна Гора - Англија 1:5

Косово - Бугарија 1:1


Група Б

Португалија - Србија 1:1

Луксембург - Украина 1:2


Група Х

Турција - Молдавија 4:0

Франција - Исланд 4:0

Андора - Албанија 0:3




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın