Bojana Stojanovic
02 Декември 2019•Ажурирај: 02 Декември 2019
БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко допатува денес во дводневна посета на Србија, која ја започна со полагање на венец на Спомен гробиштата на ослободителите на Белград, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лукашенко на аеродромот го дочека претседадтелот на Србија Александар Вучиќ, со кој и бил на Спомен гробиштата на ослободителите на Белград, а потоа цеќе положија на Споменикот на Црвеноармиецот.
Тој потоа се запиша во книгата на посети на почесни гости.
Лукашенко и Вучиќ утре ќе имаат тет-а-тет состанок после кој се планирани изјави за медиуми.