Talha Yavuz
24 Февруари 2022•Ажурирај: 24 Февруари 2022
КИЕВ
Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска објави воена состојба низ целата земја откако руските војници влегоа преку границата, а гаѓани се и цели околу Киев, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во видео објавено на неговиот канал на Телеграм, Зеленски рече дека Русија извршила напади врз украинските воени објекти и единици на граничната стража.
„Експлозиите се слушнаа во многу градови на Украина. Прогласуваме воена состојба низ целата земјата“, рече тој.
Русија започна целосна инвазија на Украина и цели кон клучни области со оружје и проектиливо градовите, според извештаите.
Рано денеска, експлозии беа пријавени во неколку украински области, вклучително и главниот град Киев, и тенкови наводно ја преминале границата со Белорусија во Украина.
Во соопштението рано утрово, руското Министерство за одбрана објави дека користи „оружје со висока прецизност“ за да ги оневозможи системите за воздушна одбрана, воените аеродроми и воздухопловните сили на Украина.