Ahmet Gürhan Kartal
22 Февруари 2022•Ажурирај: 23 Февруари 2022
ЛОНДОН
Рускиот претседател Владимир Путин е решен за „целосна инвазија“ на Украина, изјави британскиот премиер Борис Џонсон денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи пред новинарите во „Даунинг Стрит“ по состанокот на високо ниво за безбедност наречен „COBR“, Џонсон рече дека е „тажно што во секој чекор на оваа криза, песимистичките предвидувања на Велика Британија се оправдани“.
Тој понатаму рече: „Ние рековме дека ќе има операции со лажно знаме и имаше операции со лажно знаме, ние рековме дека ќе има провокации во Донбас и тоа е токму она што го гледаме.“
„Јас се плашам дека сите докази се дека претседателот Путин токму сега е навистина склон, како што рековте, на целосна инвазија на Украина и освојување, покорување на независната суверена европска земја.“
Џонсон рече дека тоа би било „апсолутна катастрофа“.
Рускиот претседател Владимир Путин го објави признавањето на Донецк и Луганск во говорот во понеделникот вечерта во кој исто така беа нападнати Владата на Украина и САД и беше обвинет Западот дека ги игнорира суштинските безбедносни грижи на Москва.
Подоцна, тој нареди распоредување војници за „одржување на мирот“ во сепаратистичките региони.