Mehmet Tosun
21 Февруари 2022•Ажурирај: 22 Февруари 2022
КИНШАСА
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ја заврши посетата на Демократската Република Конго, која е неговата прва станица на африканската турнеја, и отпатува во Сенегал, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган беше испратен на Меѓународниот аеродром во Киншаса на крајот на неговата посета од претседателот на Демократската Република Конго, Феликс Чисекеди.
Во придружба на Ердоган на африканската турнеја се министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу; министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу; министерот за национална одбрана, Хулуси Акар; министерот за трговија, Мехмет Муш; министерот за транспорт и инфраструктура, Адил Караисмаиоглу; министерот за млади и спорт, Мехмет Мухарем Касапоглу; шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство Фахретин Алтун; портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин и шефот на Одделот за одбранбена индустрија при турското Претседателство, Исмаил Демир.
Ердоган, кој ќе биде пречекан од претседателот Маки Сал во Дакар, главниот град на Сенегал, ќе присуствува на Турско-сенегалскиот бизнис-форум.
Конференцијата за новинари ќе се одржи по состанокот на Ердоган и Сал во Палатата на Републиката и потпишувањето низа билатерални договори.