Özüm Yalkın
29 Април 2016•Ажурирај: 29 Април 2016
ПЕКИНГ (AA) – Кина започна со изградба на хидроелектрана на реката Јангзе во автономниот регион Тибет, во вредност од 2,77 милијарди долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува кинеската агенција Џинхуа се работи за централа која ќе има капцатитет на производство на енергија од 1,2 милиони киловати, а се очекува годишно да произведува 5,4 милијарди киловати електрична енергија.
Должината на браната ќе биде 112 метри и ќе има капацитет од 674 метри кубни вода. За комплетна изградба на хидроцентралата ќе бидат потрошени 18 милијарди јени (2,77 милијарди долари).
Се очеквуа централата во работа да биде пуштена 2021 година, како и дека овој проект би можел да допринесе во развојот на регионот Тибет.
Инаку, 70 отсто од населението на Тибет с бави со сточарство и зависи од вода. Кинеската влада низ своите претходни проекти издвои 3,43 милијарди долари за водна инфраструктура во овој регион.