Alma Arnautovic
28 Април 2016•Ажурирај: 29 Април 2016
ТУЗЛА (АА) - Министерот за индустрија, енергетика и рударство на тузланскиот кантон, Срџан Миќановиќ, стигна во кругот на фирмата Тузла кварц и ги повика работниците да се симнат од силосот со цел да разговаат за случајот во тоа претпријатие, јавува Anadolu Agency (AA).
Работниците го одбија предлогот на министерот. Откако го одбија, Миќановиќ се обиде и тој да се качи на силосот но работниците го спречија со закана дека ќе скокнат.
На силосот во кругот на фирмата „Тузла кварц" утрово се качија четири работници кои штрајкуваат поради недобивање на концесии за експлоатација на песок и неможноста за работа. Работниците бараат преговор со претставниците на Владата на Тузланскиот кантон, а на силосот се качи и Смаил Велагиќ, генералниот директор на „Тузла кварц", кој настојува да ги наговори работниците да се симнат на сигурно.
Еден од работниците неколку пати се обиде да ја прескокне оградата и да скокне од силосот висок колку петкатна зграда, но останатите го спречија во таа намера. Под силосот собрани се и останатите работници кои штрајкуваат со глад веќе 20-ти ден, и ги молат своите колеги да се симнат. Ситуацијата е драматична, а на теренот се екипи на итната помош, пожарикари и полицајци.
Од групата на очајни работници, четворица од нив утрово се издвоија и се качија на силотот, а кога Златан Велагиќ, заменик директорот на фирмата, тргна по нив, наводно му рекле да се врати или ќе се фрлат сите.
„Со колегите ги молевме да се симнат, но тие се одлучни да не го сторат тоа доколку не им се обрати некој од Владата", наведе Велагиќ.
Прес службата на Владата Тузланскиот кантон повтори дека фримата „Тузла кварц" е во големи даночни долгови, а дека и претходно концесиите се неплатени. Додека не се вратат во законските рамки, нема да бидат во можност да разговараат за нови концесии, тврдат од Владата на Тузла Кантон.
Пред неколку дена во кругот на фирмата работниците сами на себе си ископале гробови. Здравствената состојба на работниците е влошена и речиси секој ден лекарите мораат да интервенираат.