Fatma Esma Arslan
26 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
ПАРИЗ (АА) - Вработените во железницата во Франција со цел подобрување на работните услови, протестираат со скратено работно време и намален интензитет на сообраќајот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го даде Француската железница се вели дека во меѓуградскиот железнички сообраќај брзиот воз ќе се движи со половина капацитет, додека во локалниот сообраќај ќе се намали бројот на патувања.
Во рамките на протестот на вработените во железничкиот сообраќај со намалување на интензитетот на работата, кој започна вчеравечер а ќе заврши вечерва, во некои предградија на Париз двојно е редуциран железничкиот сообраќај, додека во други тој интензитет е намален за третина.
Во соопштението се вели дека протестот на вработените во железничкиот сообраќај не се однесува и на работата на метроата.
Синдикатот на врботените во железницата, со цел подобрување на работните услови, во последните два месеца по третпат протестираат со намалување на интензитетот на железничкиот сообраќај.