Besar Ademi
29 Декември 2015•Ажурирај: 30 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКЗМ), Неби Хоџа, на завршната конференција на СКСЗМ за 2015-та година, рече дека нестабилните економски случувања во светот и внатрешните и надворешните проблеми на Македонија, ќе го попречат позитивното сценарио за економијата на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
"Ние сме во изборна година, ја имаме бегалската криза, политичката криза и прашањето за името. Предупредувањата на локалните и странските институции, но во секој случај сигналите кои самите бизниси ни ги праќаат не се оптимистички и не ни дозволуваат простор да се каже дека ќе биде лесна и плодна година ", рече Хоџа, додавајќи дека растот оваа година оваа година ќе биде не повеќе од 3 проценти.
Хоџа зборувајќи за економските достигнувања во 2015 година и предизвиците во наредната година, изјави дека 2015-та година е година која не донесе економски иновации и беше тешка година во споредба со претходните години, бидејќи како што рече, Владата на Македонија немаше конструктивен пристап кон предлозите на бизнис заедницата.
Според него, главните економски проблеми во Македонија се јавниот буџет, буџетскиот дефицит, дупките во пензискиот фонд и обврските на државните компании, селективните политики на странските инвестиции, подобрување на законската регулатива и инфраструктурата. Тој во врска со селективнте политики во државата, рече дека странските инвестиции се избегнуваат во слободни зони во северо-западниот дел на земјата.
"Имајќи во предвид дека во 20 слободни економски зони во Македонија, имаме над 15 илјади вработени и од нив 0 вработени во полошкиот економски регион претставува немилост на ниво на пропорционално владеење, а тој факт зборува за невклучување на дел од Северо-западна Македонија ", рече Хоџа.
Хоџа истакна дека и добрососедските односи влијат во евроинтеграциските процеси и за членството на земјата во НАТО. Тука, тој го спомна спорот за името со Грција, краткорочната криза со Косово, неотворањето на царинскиот терминал со Јажинце, како и не толку добрите соседски односи со Албанија и Бугарија.