Abdulselam Durdak
10 Декември 2017•Ажурирај: 10 Декември 2017
ФРАНКФУРТ (АА) - Село во сојузната германска држава Бранденбург, кое се наоѓа на околу 150 километри од главниот град Берлин, е продадено на аукција за цена од 140.000 евра, пренесува Anadolu agency (AA).
Германската новинска агенција (DPA) објави дека селото по име Алвин е на аукција по цена од 125.000 евра и дека е продадено за 15.000 евра повеќе од одредената цена.
Купецот не сакаше да го открие својот идентитет, па купувањето го изврши преку телефон, а покрај селото доби девет куќи и дел од шумското подрачје.
Се наведува дека селото е оддалечено 150 километри од Берлин, повеќето од куќите се празни, а во селото живеат само 20 луѓе. Мештаните на селото, низ кое минува една автобуска линија, а автобусот не застанува во селото, немаат можност во близина да купат нешто.
На аукцијата присуствуваше и старешината на ова село, Питер Крол, кој рече дека куќите во селото треба да се обноват, и дека се надева оти купувачот на селото ќе ја заживее таа средина. Тој, исто така, додаде дека за обнова на сите куќи во селото потребни се околу два милиони евра.