свет

„Сè поголем е бесот што не сме во состојба да ги сопреме војните“

Во Њујорк започна 73. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) на кое Турција е претставена од претседателот Реџеп Таип Ердоган, а Македонија од претседателот Ѓорѓе Иванов

Betül Yürük  | 25.09.2018 - Обновена : 26.09.2018
„Сè поголем е бесот што не сме во состојба да ги сопреме војните“ Atılgan Özdil/АА

New York

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш изјави: „Сè поголем е бесот поради тоа што не сме во состојба да ги сопреме војните во Сирија, Јемен и во други места“, јавува Anadolu Agency (AA).

Гутереш во своето обраќање на 73. пленарна седница на Генералното собрание на ОН, нагласи дека луѓето ја изгубиле довербата во политичките институции, и дека се зголемува поларизацијата и популизмот.

Тој рече дека сè потешка станува соработката меѓу земјите, и дека проблемите на 21 век ги оставиле зад себе институциите и менталитетот на 20 век.

„Денес светскиот поредок е доста хаотичен. Моќните односи се компликувани. Универзалните вредности еродираат. Демократските принципи се под опсада. Владеењето на правото ослабува. Кривичните дела остануваат неказнети“, додаде тој, истакнувајќи дека се соочуваат со низа парадокси, и дека мултинационалниот систем е под опасност во еден период кога постои најмногу потреба за него.

Гутереш нагласи дека се оди кон еден мултиполарен свет, но според него, мултиполаризмот сам по себе нема да гарантира мир, но и нема да ги реши глобалните проблеми. Тој потсети дека во својот говор минатата година на Генералното собрание на ОН укажал на некои проблеми.

„Помина една година, и за жал проблемите сè уште не се решени. Сè поголем е бесот поради тоа што не сме во состојба да ги сопреме војните во Сирија, Јемен и во други места. Араканците се истерани и сакаат правда и безбедност. Палестинците и Израелците во еден бескраен конфликт, секој ден се оддалечуваат од едно дводржавно решение. Се зголемува терористичката закана. Сè уште не помина нуклеарната опасност. Покрај сите забрани, хемиските оружја се користат на безмилосен начин. Се зголемуваат тензиите преку трговијата. Мигрантите и бегалците сè уште се изложени на дискриминација. Климатските промени се движат побрзо од нас, и се упатуваат апели за помош“, нагласи Гутереш.

Генералниот секретар на ОН истакна дека за глобална благосостојба и за безбедност на нациите, потребно е климатското затоплување да се ограничи на два степена, бидејќи климатските промени ќе предизвикуваат штета на сè, и дека иднината е под опасност.

Тој рече дека во септември наредната година ќе се организира климатски самит. Гутереш истакна дека војните може да се спречуваат со едно лидерство базирано на стратешко партнерство, и дека светот може да се насочи кон еден побезбеден пат. На крајот на своето обраќање упати апел до светските лидери за меѓународна соработка и реформи во ОН.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın