свет

Ќерката на Малком Икс ја пофали хуманитарната работа на Турција

Секогаш сум среќна да бидам помеѓу турскиот народ затоа што тој изгледа таков. Турците се навистина љубезни и тоа нема никаква поврзаност со расата, полот и слично.“

Merve Aydoğan  | 25.09.2018 - Обновена : 26.09.2018
Ќерката на Малком Икс ја пофали хуманитарната работа на Турција

New York

ЊУЈОРК (АА) - Ќерката на еден од највлијателните Афроамериканци, познатиот активист за човекови права и борец против расизмот во 20 век, Малком Икс, ги пофали хуманитарните напори на Турција, велејќи дека оваа земја го продолжува наследството на нејзиниот татко, јавува Anadolu Agency (AA).

„Самото за себе кажува тоа што во секое време имате земја која ги отвора своите граници за 3,5 милиони бегалци“, изјави ќерката на познатиот активист, Илјаша Шахбаз, во ексклузивно интервју за АА.

Таа, осврнувајќи се на нејзината средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган на 23 септември во Њујорк, рече дека ѝ претставувало голема чест.

„Секогаш ми претставува голема чест да бидам меѓу оние (особено со таков лидер) кои зборуваат за важноста на човечкото достоинство, сочувство и општествена правда. Голема чест ми е да бидам во присуство на претседателот и на неговата сопруга“, вели таа.

Говорејќи за нејзината љубов кон турскиот народ, Шабаз изјави: „Кога помислувам на Турција, секогаш им велам на луѓето дека можат да забележат колку љубезен, сочувствителен и непристрасен е доктор Оз... И велам, тоа е она што претставува Турција. Секогаш сум среќна да бидам помеѓу турскиот народ затоа што тој изгледа таков. Турците се навистина љубезни и тоа нема никаква поврзаност со расата, полот и слично.“

Осврнувајќи се на проектот за Иницијативата за еднакви права на Брајан Стивенсон, кој вели дека на човек треба да му се суди според тоа како се однесува кон сиромашните и лицата лишени од своите права, таа нагласи дека Турција претставува пример за тоа.

„Турција претставува пример за тоа како да ги третираме таквите лица лишени од своите права, да го продолжиме наследството на татко ми. Тоа зборува за хуманоста на секој поединец, дека сите ние сме браќа и сестри под закрила на Алах“, додаде тоа.

„Не треба да гледаме религија, раса или националност, туку да го согледаме вистинското од погрешното, и кога ќе видиме погрешно да одвоиме време да сториме нешто во врска со тоа, да го промениме; затоа го поддржувам турскиот претседател Ердоган кога е тука, особено неговата сопруга, Нејзината Ексцеленција и нивната ќерка Есра. Затоа што тоа е она што тие го претставуваат“, изјави ќерката на познатиот активист.

Малком Икс е роден во 1925 година, а убиен е на 21 февруари 1965 година во Вашингтон Хајтс, Њујорк, по неговиот релативно краток живот во постојаната борба за правата на црномурестите лица.

Активистот за граѓански права со неговиот пример и лидерство инспирираше милиони црномурести семејства да ги пронајдат своите корени и да дадат придонес за идентитетот на црномурестите лица.

Првично проминентен во движењето „Нација на исламот“ на Елија Мухамад, тој се оддели од групата во 1964 година и го прифати сунитскиот ислам, прифаќајќи го муслиманското име Ел Хаџ Малик ел Шахбаз.

Отфрлајќи ги сепаратистичките верувања на „Нацијата на исламот“, тој се обиде да ги интернационализира маките на Афроамериканците и да создаде заедничка цел со угнетуваните луѓе во светот.

Неговата животна приказна, автобиографијата на Малком Икс, се смета за една од антологиските нефиктивни дела на 20 век.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.