????? ??????????
25 Ноември 2015•Ажурирај: 26 Ноември 2015
ГЕВГЕЛИЈА АА – Дождот кој од утринава паѓа, не ги спречи економските мигранти и денеска да излезат од своите шатори и да протестираат на македонско-грчката граница. Облечени во кабаници и со транспаренти во раце на кој пишува“Спасете ни ги животите” и “Ни треба слобода” тие ги бараат своите права и да им биде дозволено да го продолжат патот кон Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Мигрантите едногласни – остануваат на железничката пруга и не се враќаат назад. Групата од Иран веќе трет ден штрајкува со глад, а пред два дена неколку од нив во знак на револт ги сочија нивните усти со игла и конец.
По вчерашниот целосен молк од нивна страна и одбивањето да дадат изјава за медиумите, денеска решија да проговорат. Велат дека состојбата во Иран иако нема војна е неподнослива.
“Велите дека нема војна но всушност има, секој ден и секој момент. Ние сме против диктаторската влада која не дели по верска основа и затоа бараме слобода. Ние не се чувствуваме слободни бидејќи во Иран не третираат како да сме во Холокаустот. Војната во Иран нема да заврши, се апсат цели семејства, а демократите и либералите се убиваат, ккао и оние од друга верска припадност. Ако размислуваш спротивно на власта ќе бидеш убиен. Немаме што да изгубиме и затоа сме тука. Не се враќаме нзад. Устите ни се зашиени затоа што во Иран не можеме да зборуваме за слободата. Немаме друг избор, се дури не ни се отвори патот кон слободата устите ќе ни останат затворени”, вели Саид од Иран.
“Да имаше војна во Иран, ние ќе протестиравме поради неа. Ние сме овде затоа што протестираме за нешто многу полошо од војна”, вели Махмуд од Иран.
“Иран не е безбедна земја и ние сме во опасностпоради владата и затоа сме тука. Молкот е добар одговор за тоа што се случува таму. Никој не знае што точно се случува во Иран затоа то медиумите не ја пренесуваат реалната сликаод нашата земја”, вели Нушин од Иран.
Бројот на бегалци во прифатниот камп веќе трет ден е драстично намален. Утринава кон границата Табановце заминаа два воза со околу 1000 бегалци.
Екипите на УНХЦР И Црвениот крст се на терен и продолжуваат со своите активности.
Во моментот во прифатниот камп има околу 400 бегалци.