Adel Ömeragiç
02 Ноември 2017•Ажурирај: 03 Ноември 2017
БУДВА (AA) - На панел-дискусија на темата „Регионот по четири години од Берлинскиот процес“, на којашто говореа челниците на извршната власт од Западен Балкан, претседателите на владите на Црна Гора и на Македонија, Душко Марковиќ и Зоран Заев, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, потпретседателот на Владата на Србија, Расим Љајиќ порачано е дека сите земји во регионот направија исчекор на патот кон ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
На панел-дискусија на темата „Регионот по четири години од Берлинскиот процес“, на којашто говореа челниците на извршната власт од Западен Балкан, претседателите на владите на Црна Гора и на Македонија, Душко Марковиќ и Зоран Заев, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, потпретседателот на Владата на Србија, Расим Љајиќ порачано е дека сите земји во регионот направија исчекор на патот кон ЕУ.

- Заев: Неприфатливо е Црна Гора и Србја да влезат во ЕУ во 2025 година
За претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, тајмингот кога земјите од Западен Балкан ќе влезат во ЕУ, највеќе зависи од самите држави.
„Целиот регион треба да оди еден чекор напред. Супер е што Црна Гора и Србија имаат преговори, мора да одат чекор напред. Мора да одат и Македонија, Косово, Албанија, БиХ. Пораката дека 2025. година Србија и Црна Гора можат да станат членки на ЕУ за нас е неприфатлива и мора да биде порака до целиот регион. Ако целиот регион ја унапреди соработката, тогаш сме повеќе вредни за ЕУ. На крајот на денот, луѓето доаѓаат и заминуваат. ЕУ во 2019. година има нови избори. Повеќе зависи и од нас отколку од нив кога ќе бидеме во ЕУ", рече Заев во својот говор.
- Црна Гора во ЕУ за четири години
Премиерот на Црна Гора во Душко Марковиќ истакна дека земјите на регионот во последните неколку години, без оглед на се, направија значителен исчекор кога е во прашање ориентација кон ЕУ.
„Односно, усвојување на европските вредности. И тоа е голем резултат. И ние кога тоа го гледаме во наши рамки, ќе речеме дека сме повеќе или помалку незадоволни или дури дека помалку работевме. Но доколку знаеме во кој контекст тргнавме во тој правец, тогаш тој (регионот) по мое мислење е одличен и извонреден", рече Марковиќ.
Порача дека одговорноста за овој процес не смееи не може да биде во Брисел.
„Одговорноста за овој процес лежи на нас државјаните и лидерите на државите на Западен Балкан. Ние мораме да знаеме што сакаме, мораме да бидеме јасни во временска рамка во која таа цел сакаме да ја оствариме и мораме да бидеме способни да преземеме одговорност и да донесеме одлуки и да стоиме зад тие одлуки. Ако во Брисел не доаѓаме со проблеми, туку со решенија, тогаш нашата перспектива е сосема извесна и јас верувам дека оваа рамка до 2025. година е само начелна рамка. Црна Гора сака тој процес да го заврши во наредните четири години, највеќе пет. И ние ќе направиме да биде така", рече Марковиќ.
- Љајиќ: Акцент на инфраструктурата
Потпретседателот на Владата на Србија и министерот за трговија Расим Љајиќ говореше за трговија и меѓусебна поврзаност на земјите од регионот. Порача дека акцентот треба да биде ставен на инфраструктурата.
„Ние имаме најдобра трговија со земјите од регионо, а најлоша инфраструктура. Ние од Белград немаме ниту еден автопат ниту до Приштина, до Скопје, се надевам дека ќе биде завршен за година дена. Да не говорам за Црна Гора, за Тирана. Трговијата цвета, 1/5 од нашиот извоз оди во земјите на регионот. Но од седум проекти кои во Трст се усвоиени и прфатени, јас не знам дали еден километар пат е направен, би сакал да видам тој пат да се гради или било што од сето она што веќе е дефинирано. Според тоа, одлична намера, се е одлично конципирано, но реализацијата е тенка. Ако како министер би требал да го дефинирам трговскиот тек, тогаш тоа е голем промет а мала заработка. Јас некоја голема заработка не гледам", рече Љајиќ.
- БиХ е определена кон европските интеграции
Порача дека сето она што лидерите од регионот го говорат ќе има смисла доколку се бидат конкретни чекори.
Претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ ја повтори јасната определеност на сите земји од Западен Балкан кон европските интеграции, секоја земја поединечно, од целиот регион.
„Можам да зборувам во име на БиХ, да по одреден застој на европскиот пат, благодарејќи на британско-германската иницијатива значително ги димензираа своите процеси врзани за европските интеграци и во овој момент, ако ги занемариме изјавите на одредени политичари во БиХ, тоа е наша најважна надворешно-политичка цел. За тоа говори последната анкета спроведена на подрачјето на БиХ, на која 78 отсто од испитаниците се определија за европските интеграции. Тоа е висок процент", истакна Звиздиќ.