Adel Ömeragiç
05 Мај 2016•Ажурирај: 05 Мај 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - Шестиот To Be Secure (2BS) Форум, на меѓународната конференција која се занимава со прашања од глобалната и транс-атлантската безбедност, ќе започне утре во Будва, јавува Anadolu Agency (AA).
Под насловот "Глобалната безбедност - предизвици и одговори", шестиот 2BS Форум ќе се занимава со главните предизвици и закани по меѓународната и регионалната безбедност во оваа деценија. Ќе се дискутира за иднината на НАТО, бегалската криза, односот на Русија со Западот, изборите во Америка и нивното влијание врз надворешната политика, ДАЕШ, како и глобалните и регионалните безбедносни прашања кои се од значење за сојузниците и партнерите во пресрет на претстојниот самит на НАТО во Варшава.
На отворањето на Форумот ќе зборува премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, потоа претседателот на Атлантската алијанса на Црна Гора Саво Кентера и американскиот амбасадор во Црна Гора Маргарет Ен. Воведно обраќање на првиот панел ќе одржи заменикот на генералниот секретар на НАТО, Александар Вершбоу, а за вториот панел задолжен е министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу.
Вториот ден на 2BS Форумот ќе се обратат претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ, претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ и Претседателот на Република Словенија Борут Пахор.