Almir Terzic
09 Декември 2016•Ажурирај: 10 Декември 2016
САРАЕВО (АА) - Регионалната конференција за унапредување на политиката за родова рамноправност на Западен Балкан и Турција, ќе се одржи во понеделник и вторник, на 12 и 13 декември во Будва, јавува Anadolu Agency (AA).
Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Агенцијата на ОН за правата на жените (ОН Жени), на конференцијата ќе ги доведат на едно место клучните актери од парламентот, владата, граѓанското општество и од меѓународните организации за да се разговара за искуствата во врска со исполнувањето на родовите стандарди преземени со процесот на придружување кон ЕУ.
Фокусот на конференцијата ќе биде насочен на спроведувањето на Истанбулската конвенција за сузбивање и спречување на насилството над жените и насилството во семејствата, како и на потпората на парламентарните и другите надлежни тела со политичко јакнење на жените и родова еднаквост.
Се очекува оваа регионална конференција да резултира со формирање на регионална платформа за родова рамноправност за Западен Балкан и Турција, во која сите земји од регионот што сакаат да ги исполнат европските стандарди за родова рамноправност, би биле повикани да ја почитуваат рамноправноста на жените и мажите, да обезбедат институционална потпора и заштита на женските права, како и да обезбедат силни инструменти во примената на клучните европски закони и норми за родова рамноправност.