Besar Ademi
30 Август 2016•Ажурирај: 31 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во Министерството за локална самоуправа на Република Македонија беше потпишан Договор за спречување на ризикот од поплави во планинскиот регион на Полог, проект кој ќе се реализира од страна на УНДП (Програмата за развој на Обединетите нации). Во рамките на овој проект ќе бидат изградени 3 брани на реката Шкумбин, јавува Аnadolu Agency (AA).
Проектот се очекува да заврши кон крајот на оваа година, а за него се обезбедени парични средства во вредност од 316.000 евра. Овие средства ќе бидат наменети за создавање регионален систем за рано предупредување и за развој на нови системи за да се алармира јавноста. Со овие средства исто така ќе се санираат и трите оштетени брани на реката Шкумбин.
Постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Луиза Винтон, нагласи дека во овие два месеца ќе се исчистат и ќе се регулираат постоечките брани, а потоа ќе почне изградбата на новите брани коишто ќе помогнат да се спречат ризиците од поплави.
„УНДП ги има предвид сите региони што се изложени на ризик од поплави, но, полошкиот регион е прв, затоа што во овој регион имавме поплави различни од другите региони. Ова се случи во почетокот на минатата година, кога обилните дождови го пополнија коритото на реката. Во врска со можните поплави, населението нема никаво предупредување и во овие ситуации бројот на загинати значително може да биде поголем“, изјави Винтон.
„Според класификациите на метеоролозите“, истакна Винтон, „поплавите во скопскиот регион се случуват еднаш во 1.000 години, но во полошкиот регион еднаш на 100 годни“. Таа исто така додаде дека „овие дождови во полошкиот регион може да се случат еднаш на 50 години или почесто“.
Во меѓувреме, министерката за локална самоуправа, Шурете Елези истакна дека со поддршката на УНДП минатата година е реализирана детална анализа, во која беа наведени потенцијалните ризици од поплавите во полошкиот регион. Таа додаде дека овој проект ќе помогне во регулирањето на трите ризични точки, коишто претставуват директен ризик за околу 120 илјади граѓани, но не само за овие, туку се ризик и за животите на околу 300 илјади граѓани на полошкиот регион.
„Најкритични се трите точки, односно трите брани на реката Шкумбин, кои се оштетени делумно или целосно, чистењето на реката и нејзината рехабилитација во должина од околу 2 километра, како и регулацијата на урбанистичката зона во должина од еден километар“, истакна Шурете.
Полошкиот регион е еден од регионите најизложени на поплави. На 3 август минатата година, обилните дождови коишто траеја најмалку 2 часа предизвикаа лизгање на земјиштето и големи поплави. Како последица на ова загинаа 6 лица, а материјалната штета беше проценета на 21,5 милиони американски долари.