Adel Ömeragiç
09 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - Турција и Црна Гора се сојузници и ние го поддржуваме тоа што Црна Гора доби повик за НАТО, рече Суај Алпај, заменик-министер за одбрана на Турција. Тој во разговор за АА изјави дека смета дека и останатите земји на Балканот треба да бидат во ЕУ и НАТО.
Алпај, кој за време на викендот учествуваше на 2BS Форумот во Будва, ги пофали спроведените реформи на Црна Гора во секторот за одбрана.
„Пред сè би сакал да кажам дека Црна Гора е пријател и сестринска земја за нас, ние сме сојузници. Нашето задоволство е големо што гледаме дека ги спроведува реформите на полето на одбраната. Одбранбената индустрија не подразбира само оружје, туку и да имате способност да ја спречите опасноста. На ова му задаваме големо значење, сметаме дека Црна Гора има големи потенцијали. Турција ја поддржува областа на одбраната во Црна Гора и сметаме дека во 2016 година ќе потпишеме договор за соработка одбранбената индустрија", изјави Алпај.
Кога станува збор за повикот кој Црна Гора го доби за полноправно членство во НАТО, Алпај истакна дека Турција ѝ пружа поддршка на тој пат.
„Сметаме дека тоа е позитивен напредок од причина што Црна Гора има многу значајна позиција на Балканот. И не само Црна Гора, туку и БиХ и Македонија и останатите балкански земји сметаме дека треба да бидат во НАТО и ЕУ. Исто така, ги поддржуваме и нивните процеси на пристап", изјави во разговорот за Anadolu Agency, Суај Алпај, заменик-министер за одбрана на Турција.