Selen Temizer
24 Септември 2022•Ажурирај: 25 Септември 2022
БРИСЕЛ (АА) - Шарл Мишел, претседателот на Советот на Европската Унија (ЕУ), изјави дека на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) му е потребна реформа и додаде дека правото на вето треба да се користи во исклучителни случаи. Мишел рече дека членството на земјите што започнале неправедна борба, како Русија, треба да биде суспендирано, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мишел во своето обраќање на седницата на 77. Генерално собрание на ОН истакна дека користењето на вето во Советот за безбедност на ОН, што би требало да биде исклучок, се претворило во општо правило.
„Кога постојана членка на Советот на безбедност ќе започне неправедна војна и таа војна ќе ја осуди Генералното собрание на ОН, членството на таа земја, по мое мислење, треба автоматски да биде суспендирано“, рече Мишел.
Претседателот на Европскиот совет, Мишел, истакна дека е потребна итна реформа на Советот за безбедност на ОН.
Наведувајќи дека Русија шири дезинформации во врска со војната во Украина, Мишел во своето обраќање рече: „Кремљ се обидува да го мобилизира цел свет против имагинарен непријател. Апсолутно никој не ѝ се закануваше, не ја нападна или изврши инвазија на Русија и апсолутно никој во Европа не сакаше судир со Русија. Каков ни е интересот да ја загрозиме безбедноста и благосостојбата на сите?“