Балкан

Пендаровски - Мишел: „Судбината и иднината на Северна Македонија е Европа"

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, рече дека неговата посета има за цел да даде една многу силна порака и убедување дека „иднината и судбнината на Северна Македонија е европска"

Admir Fazlagic  | 24.01.2020 - Обновена : 27.01.2020
Пендаровски - Мишел: „Судбината и иднината на Северна Македонија е Европа" (Foto: Besar Ademi/ Anadolu Agency)

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во Скопје се состана со претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел, а по средбата двајцата соговорници порачаа дека оваа пролет очекуваат позитивни вести за евроинтегративниот процес на Северна Македонија, како и дека „иднината на оваа земја е Европа", јавува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот Пендаровски во претседателската Вила Водно одржа средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, а потоа одржаа и заедничка прес конфернеција.

Честитајќи му на Мишел за преземањето на функцијата претседател на Европскиот Совет, Пендаровски посака успех изразувајќи надеж дека во неговиот мандат ќе има позитивен напредок во европска интеграција на Северна Македонија.

Педанровски информираше дека на средбата со Мишел разговарале за, како што рече, престојниот важен период во процесот на пристапувањето на земјата кон ЕУ.

Претседателот на Северна Македонија потсети дека минатиот октомври, како што истакна, и покрај високите очекувања базирани врз недвосмислените изјави и ветувања од страна на институциите на ЕУ и од страна на голем број од државите членки на ЕУ, добиле непријатни вести за европска интеграција на земјата, но членство во ЕУ без никакви резерви е основна стратешка цел на Северна Македонија и продолжуваат да работат на нејзино исполнување.

„Се надеваме дека многу скоро, уште во март оваа година, ќе биде усвоена новата методологија за водење на претпристапните преговори и дека наскоро ќе има позитивни вести за нашата европска интеграција. Очекуваме дека со новата методологија ќе се зајакне процесот на пристапните преговори, како политички, така и во однос на кредибилитетот и одрживоста. Ние сме подготвени да ја прифатиме новата методологија затоа што тоа е во наш интерес, процесот за пристапнување во Унијата да биде одржлив и кредибилен", истакна Пендаровски.

Тој додаде дека од сите политичари во земјата, како од власта така и од опозицијата се очекува да продолжат со реформската агенда истакнувајќи дека е потребна целосна посветеност во однос на спроведување на клучните реформи како и организирање на слободни, демократски и фер изобри во Северна Македонија закажани за 12 април оваа година.

Претседателот Пендаровски рече дека земјата наскоро станува полноправна членка на НАТО, со што го заокружува исполнувањето на едната од двете стратешки цели, изразувајќи надеж дека оваа пролет за Северна Македонија ќе донесе позитивни вести и за процесот кон членството на земјата во ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел, рече дека неговата посета има за цел да даде една многу силна порака и убедување дека „иднината и судбнината на Северна Македонија е европска."

Мишел рече дека од исклучително значење во текот на состанокот на Евопскиот совет во март е како да продолжи напредокот на оваа цел.

„Стратегијата која ќе им ја предложам на моите колеги во Европскиот совет се заснова на три столба. Првиот е да работиме во следните недели и месеци да се усогласиме околу една реформа за процесот на проширување и модернизација на истиот. Констатирав дека има повеќе европски земји кои сметаат дека на овој процес треба да му дадат повеќе лидерство и односите да се развијат во взаемен интерес. Вториот столб е прашањето кое ќе биде поставено повторно на Европскиот совет околу почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Во овој случај би сакал да ја истакнам свесноста за сите напори и реформи кои се направени и кои треба да продолжат во следните месеци со цел да се спроведе Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија. Знам дека се ова чувствувителни прашања но тие придонесуваат кон патот на ЕУ", исткна Мишел и додаде:

„Трето, потребно е ЕУ да донесе стратегија за инвестиции и раст за Западен Балкан. За мене е значајно со овие структурни реформи да се надврзат владеењето на правото, борбата против корупцијата и за тоа ќе се разговорара за една долгорочна инвестиција", рече Мишел.

Во рамките на посетата на Северна Македонија, претседателот на Европскиот совет, Мишел, се состана со техничкиот премиер Оливер Спасовски, а предвидено е да се состане и со претседателот на Социјал демократскиот сојуз (СДСМ) Зоран Заев и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според најавеното, утре, Мишел ќе присуствува на настанот во врска со проектот финансиран од ЕУ за подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води во градот Скопје.

Главната цел на проектот е да се подобри општинската инфраструктура за собирање на отпадни води во Скопје. Вкупната вредност на проектот е 9,68 милиони евра, од кои 7,1 милиони се од Инструментот за предпристапна помош (ИПА) додека 2,58 милиони евра се национално кофинансирање.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.