Балкан

Хрватска: Пописот на населението во 2021 година за првпат во дигитална форма

Пленковиќ ја запозна главната директорка на Евростат со приоритетите на хрватското претседавање со Советот на Европската Унија, а разговараа и за придружувањето на Хрватска во Европскиот механизам за девизен курс II (ЕРМ II) и во Банкарската унија

Stipe Majic  | 24.01.2020 - Обновена : 26.01.2020
Хрватска: Пописот на населението во 2021 година за првпат во дигитална форма

ЗАГРЕБ (АА) - Претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска во Банските двори ја прими главната директорка на Евростат, Маријана Михајлова Коцева, при што е најавено дека следниот попис на населението првпат ќе се реализира во дигитална форма, јавува Агенција Анадолија (АА).

Пленковиќ ја запозна главната директорка на Евростат со приоритетите на хрватското претседавање со Советот на Европската Унија, а разговараа и за придружувањето на Хрватска во Европскиот механизам за девизен курс II (ЕРМ II) и во Банкарската унија.

„Пленковиќ потсети дека Хрватска испратила писмо со намера да се приклучи на Европскиот механизам за девизен курс II, додавајќи дека Хрватска е посветена на спроведување низа реформи во голем број области важни за влез во Европскиот механизам за девизен курс II“, соопштено е и од хрватската Влада.

„Во контекст на претстојниот дигитален попис во 2021 година, кој за првпат ќе се одржи во Хрватска во дигитална форма, претседателот на Владата, Андреј Пленковиќ, го најави и неодамнешното усвојување на Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и домувањето во Република Хрватска“, соопшти хрватската Влада.

Исто така е наведено дека се зборувало и за состанок меѓу раководителите на националните канцеларии за статистика на Европскиот статистички систем и Евростат, што ќе се одржи во Загреб, во март, под хрватското претседавање.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.