Stipe Mayiç
14 Март 2017•Ажурирај: 15 Март 2017
ЗАГРЕБ (АА) - Претседателот на хрватската влада Андреј Пленковиќ учествуваше на конференцијата на Хрватската стопанска комора насловена "Хрватска - посакувана земја за бизнис?" На која ги презентираше позитивните економски движења и мерки на Владата кои, како што смета, ќе помогнат во развојот на бизнис климата и зајакнувањето на хрватската економија, јавува Anadolu Agency (AA).
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во својот говор ги анализирааше политичките приоритети на Владата насочени кон структурните реформи. Пленковиќ повтори дека неговата влада, со целосна убеденост дека тоа е добро и корисно за хрватското општество, е европски ориентирана.
Премиерот истакна дека во изминатиот период е остварена политичка стабилност на земјата, дека целта на неговата влада е постојан економски раст, без повремени трендови и образовна структура за идни работни места со цел да се избегне иселувањето и невработеноста.
Тој истакна дека рејтинг агенцијата „Мудис“, за првпат од 2007 година, изгледите на кредитниот рејтинг на Хрватска од негативен го претворила во стабилен.
„Ние продолжуваме со трендот на намалување на јавниот долг. Сега дојдовме до 83,9 отсто удел во БДП за 2016 година. Ова е чекор кон подобар кредитен рејтинг, а тоа значи и пониски камати за граѓаните и стопанствениците“, оцени хрватскиот премиер.
Пленковиќ најави намалување на бројот на инспекции за да се олесни работата на многу стопанственици кои имаат забелешки за прекумерните и чести казни.