Ekipa
16 Март 2017•Ажурирај: 17 Март 2017
БРИСЕЛ (АА) – Европската агенција за статистика (Евростат) соопшти дека минатата година, повеќе од 1,2 милиони лица поднеле барање за азил во земјите-членки на блокот, воглавно од Сирија, Авганистан и од Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Податоците што Евростат ги објави денес, покажуваат дека бројот на поднесените барања за азил за првпат е помал во однос на бројките од 2015 година. Но, таа бројка е речиси двојно поголема во однос на 562.700 лица кои први поднеле барање за азил во 2014 година.
Од луѓето што дошле во Европа минатата година, околу една третина се државјани на Сирија (334.800), а засолниште побарале и 183.000 државјани на Авганистан и 127.000 државјани на Ирак.
Евростат наведува дека 60 отсто од барањата се поднесени во Германија, а следува Италија со десет отсто. Бројот на аплицирања за азил опадна во Шведска, Финска, Данска и во Унгарија.
Се нагласува дека кон крајот на минатата година, во процедура на обработка и понатаму биле околу милион барања.