Hakan Ceyhan Aydoğan
16 Март 2017•Ажурирај: 16 Март 2017
МОСКВА (АА) – Минситерството за одбрана на Русија соопшти дека е испратен тим од 150 војници во сирискиот град Палмира, со цел да се расчистат мините во овој регион, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на министерството се наведува дека руските војници кои пристигнале во овој регион најпрвин ќе започнат да ги чистат мините што се поставени по патиштата коишто водат кон инфраструктурни објекти и болници.
Исто така, соопштено е дека во Палмира се испратени и 17 специјални возила.
Русија и претходно има испратено околу 200 експерти за расчистување на мините во Палмира, како и разни технички средства.
- Случувањата околу Палмира -
Терористичката организација ДЕАШ најпрвин на 20 мај 2015 година, по интензивните судири ја презеде контролата врз античкиот град Палмира, а силите на режимот овој град го зедоа под контрола во март во 2016 година. ДЕАШ на 11 декември 2016 година повторно успеа да ја преземе контролата врз историскиот град Палмира, кој се наоѓа во источниот дел на покраината Хомс.
Кога војската на режимот се повлече од овој регион, голем дел од тешкoто оружје го остави на терористичката организација, а пак ДЕАШ значителен дел од ова оружје пренесе во регионот Ал Баб, каде што се спроведува операцијата „Штитот на Еуфрат“.
На 12 јануари, терористичката организација со експлозив ја уништи предната сцена на античкиот римски театар, како и споменикот Тетрапилон.
Новинската агенција на режимот, САНА, на 2 март соопшти дека градот Палмира е расчистен од терористичката организација од страна на војската.
Пред граѓанската војна во Сирија, Палмира беше еден од најзначајните туристички центри на земјата. Илјадници туристи секоја година доаѓаа во овој регион со цел да го посетат античкиот град, кој од 1980 година е на списокот на светски културни наследства на УНЕСКО. Во 2013, градот беше вклучен во списокот на загрозени светски наследства.