Muhammed Ali Toruntay
09 Март 2020•Ажурирај: 09 Март 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес престојува во еднодневна работна посета на Белгија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кабинетот за комуникации на претседателот на Република Турција е наведено дека Ердоган, на повик на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, престојува во работна посета на Брисел.
На средбата меѓу Ердоган и Мишел ќе присуствува и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, а како што е наведено, за време на разговорот ќе се зборува за односите меѓу ЕУ и Турција и за чекорите кон нивното унапредување.
Секако се очекува дека покрај актуелните теми околу ситуацијата во Идлиб и мигрантската криза, ќе се разменат мислења и за други регионални и меѓународни теми.
Во рамките на посетата на Белгија е планирана и средба на Ердоган со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.