Sarp Özer
09 Март 2020•Ажурирај: 09 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во рамките на постигнатиот договор во Москва, средбите со руската воена делегација ќе започнат утре, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Средбата, со руската воена делегација во рамките на договорот постигнат во Москва на 5 март 2020 година, ќе започне во Анкара во вторник, 10 март“, се вели во соопштението на турското Министерство.
Во четвртокот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин договорија нов прекин на огнот за Идлиб, кој стапи на сила на полноќ, четвртокот кон петокот. На фронтовите во деескалационата зона во сириски Идлиб запрени се сите воени активности, а турските и руските воени делегации ќе продолжат со преговорите за продолжување на процесот.