Kaan Bozdoğan
03 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Во ова соопштение се вели дека Ердоган и Мишел разговарале за соработката во борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19).
Според соопштението, двајцата Ердоган и Мишел се осврнале и на односите меѓу Турција и ЕУ, како и на регионалните прашања.