Abdullah Aşıran
03 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
РОТЕРДАМ
Во последните 24 часа од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се регистрирани 1.026 случаи, со што вкупниот број на заразени лица во оваа земја се зголеми на 15.723. Во истиот период има нови 148 смртни случаи, а вкупниот број на починати во земјата се искачи на 1.487, јавува Агенција Анадолија (АА).
Државниот институт за здравје и животна средина на Холандија, кој е дел од Министерството за здравство на Холандија, ги ажурираше податоците во врска со пандемијата на Ковид-19 во земјата.
Во соопштението на Државниот институт за здравје и животна средина се вели дека во последните 24 часа на болничко лекување се земени 502 лица, со што во холандските болници се лекуваат 6.286 лица.
Во последните 24 часа во земјата бројот на детектирани случаи е зголемен за 1.68, со што во земјата има 15.723 лица заразени од новиот тип коронавирус. Како последица од заразеност со новиот тип коронавирус во последните 24 часа починаа 148 лица, со што вкупната бројка се зголеми на 487 смртни случаи.
Починатите главно се лица на возраст од 80 до 84 години, при што 95% се лица на возраст од 65 години и повеќе.
Се смета дека во земјата бројот на лица заразени од новиот тип коронавирус е многу поголем бидејќи не се тестираат сите лица кои покажуваат симптоми на заразеност.
Националната фондација за проценка на интензивната нега соопшти дека 1.159 пациенти заразени со Ковид-19 се наоѓаат на интензивна нега.