Балкан, Коронавирус

Ковид-19: Ограничувања на движењето на граѓаните во Северна Македонија

Полициски час на целата територија на Северна Македонија за сите граѓани е воведен од 21:00 до 05:00 часот

Abdula Berisha  | 03.04.2020 - Обновена : 04.04.2020
Ковид-19: Ограничувања на движењето на граѓаните во Северна Македонија

СКОПЈЕ (АА) - Во рамки на мерките за борба против ширењето на новиот коронавирус (Ковид-19) во Северна Македонија, владата воведе полициски час со што го ограничи движењето на граѓаните, јавува Anadolu Agency (AA).

Полициски час на целата територија на Северна Македонија за сите граѓани е воведен од 21:00 до 05:00 часот следниот ден. За време на викендите, односно во сабота и недела, забраната за движење на сите граѓани важи од 16:00 до 05:00 часот следниот ден. Владата на Северна Македонија воведе посебни ограничувања и за одредени возрасни групи.

Во тој контекст, забрането е движење на лица до 18 години од 21:00 до 12:00 часот следниот ден. Ова значи дека лицата помлади од 18 години можат да се движат од 12:00 часот напладне до 21 часот. На лицата постари од 67 години им е забрането движење од 11:00 часот до 05:00 часот следниот ден. Така, на постарите лица им е дозволено да излезат од своите домови во интервал помеѓу 05:00 часот наутро до 11:00 часот предпладне.

Владата на Северна Македонија денеска донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник.

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот. За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 18 март прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава, со цел полесно справување во борбата против ширењето на коронавирусот Ковид-19.

Според податоците на Министерството за здравство на Република Северна Македонија досега во земјата се дијагностицирани 430 случаи на Ковид-19, починати се 11 лица, додека бројката на излекувани пациенти од овој вирус изнесува 20.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.