Fatjon Cuka
03 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
ТИРАНА (АА) - Бројот на починати како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Албанија се искачи на 17 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во соопштението се нагласува дека во Инфективната болница во Тирана почина 75-годишен пациент како последица на Ковид-19.
Според ова соопштение, пациентот во болница пристигнал во тешка состојба, кој бил тестиран и резултирал позитивен на овој вирус.
Се истканува дека неговата состојба била уште повеќе влошена.
Од друга страна, во Албанија се откриени 304 случаи со Ковид-19, меѓу кои и починатите и 89 излекувани лица.