Ali Makram Ghareeb
03 Април 2020•Ажурирај: 05 Април 2020
КИРКУК
Во бомбашки напад врз патролно воено возило извршен во Киркук, Ирак, загинаа тројца војници, а двајца се ранети, јавува Агенција Анадолија (АА).
Командантот на оперативниот штаб на ирачката војска во Киркук, Саад Харбие, за АА изјави дека нападот е извршен врз припадниците на безбедносните сили кои патролираат недалеку од Сергарана, во подрачјето Дибис.
Тој додаде дека припадниците на терористичката организација ДЕАШ, бомбата која претходно ја поставиле пред патот, ја активирале во моментот која на таа делница поминувало воено возило. Во нападот загинаа тројца војници, а двајца се ранети.
Харбие појасни дека по нападот на тоа подрачје е покрената операција.
Терористичката организација ДЕАШ во јуни 2014 година во целост ги зазеде покраините Мосул, Салахадин и Анбар и деловите на Дијала и Киркук. Оттогаш постепено е враќана контролата над подрачјата кои ги зазеле терористите.
Поранешниот премиер на Ирак, Хајдар ал Абади, на 9 декември 2017 соопшти дека ДЕАШ е поразена. Иако поминаа речиси три години откако терористите на ДЕАШ се протерани од тие подрачја, организацијата и понатаму ги продолжува нападите, особено во Киркук, Дијала, Мосул, Салахадин и Анбар.