Ahmet Furkan Mercan
03 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
ТОКИО
Гувернерот на Токио, Коике Јурико, од Владата на Јапонија побара воведување вонредна состојба против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните медиуми, Коике, гувернерот на главниот град на Јапонија, организирал прес-конференција на која зборувал во врска со пандемијата на Ковид-19.
Коике, истакнувајќи дека бројот на детектирани случаи достигнал двоцифрени бројки, посочил дека главниот град се наоѓа на прагот на голема криза.
Повикувајќи ја јапонската Влада да прогласи вонредна состојба против можната криза, Коике изјави: „Доколку државата направи некаков чекор, тој чекор ќе испрати силна порака до народот. Ако овој чекор, во периодот на подготовки се соедини со економскиот пакет, тогаш тоа ќе биде голема поддршка за Токио.“
Коике изјави дека во случај на прогласување вонредна состојба, јавните објекти и активности ќе бидат суспендирани и од народот ќе биде побарано да остане дома.
Пандемијата на новиот тип коронавирус во Јапонија одзеде 86 животи, а детектирани се 3.683 случаи на заразеност со вирусот.