свет

Израел сруши 40 палестински куќи на окупираниот Западен Брег

- Израел сруши или зазеде 40 палестински куќи во зоната Ц на окупираниот Западен Брег од 5 март, се наведува во извештајот кој денес го објавија Обединетите нации (ОН)

Aness Suheil Barghoti  | 03.04.2020 - Обновена : 04.04.2020
Израел сруши 40 палестински куќи на окупираниот Западен Брег Фото: Архива / АА

ЕРУСАЛИМ

Израел сруши или зазеде 40 палестински куќи во зоната Ц на окупираниот Западен Брег од 5 март, се наведува во извештајот кој денес го објавија Обединетите нации (ОН), јавува Агенција Анадолија (АА).

„Откако на 5 март во Палестина беше прогласена вонредна состојба поради пандемијата на Ковид-19, израелските власти срушија, окупираа или ги принудија луѓето сами да срушат 40 објекти“, се наведува во Кабинетот за координација на хуманитарна помош на ОН (OCHA).

Се додава дека поради рушењето на овие објекти 26 Палестинци морале да се иселат на некое друго подрачје, а над 260 други се погодени од оваа нехумана постапка на израелските власти.

Израел само еден ден претходно ги информираше ОН привремено да се запре рушењето на ненаселените палестински домови и медицински објекти во зоната Ц на Западниот Брег поради кризата предизвикана од коронавирусот.

Околу 650.000 Евреи моментално живеат во повеќе од 100 израелски населби изградени од 1967 година, кога Израел ги окупираше Западен Брег и Источен Ерусалим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın