Barış Seçkin
03 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
РИМ (АА) - Во Италија во последните 24 часа починаа уште 766 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица се искачи на 14.681, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на Цивилната заштита, Анџело Борели, на прес-конференција во Рим ги сподели последните податоци во врска со Ковид-19.
Борели рече дека во земјата моментално се наоѓаат 85.388 заразени со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица, изнесува 119.827 лица.
Тој нагласи дека се излекувани нови 1.480 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 19.758 лица.
Според него, во последните часа починале уште 766 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 14.681 лице.
Борели рече дека бројот на лица кои се наоѓаат во интензивна нега изнесува 4.068 лица.
Тој истакна дека постоечките мерки против преземени проти Ковид-19, ќе продолжат до 13 април.
Борели рече дека денес биле откриени 2.339 нови случаи со Ковид-19.
Се вели дека во Италија досега за 619.849 лица биле извршени тестирања за Ковид-19.