Турција, Коронавирус

Турција: Вкупната бројка на починати лица од Ковид-19 се искачи на 425

Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа на прес-конференција истакна дека откриени се уште 2.786 случаи со Ковид-19 во Турција, со што бројот на откриени случаи во земјата се искачи на 20.291 лице

Yıldız Nevin Gündoğmuş  | 03.04.2020 - Обновена : 04.04.2020
Турција: Вкупната бројка на починати лица од Ковид-19 се искачи на 425

АНКАРА (АА) - Во Турција во последните 24 часа починаа уште 69 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 425 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа на прес-конференција истакна дека откриени се уште 2.786 случаи со Ковид-19 во Турција, со што бројот на откриени случаи во земјата се искачи на 20.291 лице.

Тој нагласи дека досега 484 пациенти биле излекувани и отпуштени од болница, додека моментално 1.251 лице се лекуваат на интензивна нега.

Се вели дека во послените 24 час биле извршени 16.160 тестирања за коронавирус, додека досега биле извшрени вкупно 140.716 тестирања.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın