Betül Yürük
01 Јули 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
ЊУЈОРК (АА) - Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) ја усвои резолуцијата, во која се бара 90-дневен глобален хуманитарен прекин на огнот, како дел од борбата против епидемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го стави на гласање повикот за глобален прекин на огнот и Нацрт-законот „Ковид-19“ подготвен од Франција и привремениот член на советот Тунис, по тримесечни преговори.
Бидејќи гласањето не се одржа во Советот за безбедност на ОН заради пандемијата, на земјите членки им беа дадени 24 часа да известат за своите одлуки, а одлуката беше едногласно одобрена од Советот кој се состои од 15 члена.
Во одлуката на СБОН, во која се истакнува длабока загриженост за погубните ефекти од епидемијата на Ковид-19, особено во конфликтните и воените зони, побарано е итно стапување на сила на 90-дневен глобален хуманитарен прекин на огнот за да се обезбеди хуманитарна помош.
Примирјето, како што е утврдено од Советот за безбедност на ОН, нема да вклучува лица и групи поврзани со терористичките организации ДЕАШ, Ал Каеда и Ел Нусра.
Во одлуката директно не се споменува Светската здравствена организација (СЗО), која предизвика несогласување меѓу САД и Кина, и влијаеше на работата на Советот за безбедност на ОН, туку се истакнува придонесот на националните и меѓународните здравствени и хуманитарни работници во борбата против епидемијата.
Администрацијата на Трамп на 14 април ја прекина финансиската поддршка за СЗО, кон која упати критики дека е про-кинеска и дека не успеала да се избори против епидемијата. Шест недели подоцна, САД објавија дека ја напуштаат СЗО и дека ги прекинале сите односи со организацијата.