Islam Doğru
01 Јули 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
ЊУЈОРК (АА) - Како последица на Ковид-19 во Соединетите Американски Држави (САД) изминатите 24 часа починаа уште 1.315 заразени лица, со што бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата во земјата е зголемен на 130.134, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД е земја со најголем број на заразени и смртни случаи за време на пандемијата на Ковид-19.
Според ажурираните податоци на интернет страницата „Worldometer“, во САД во текот на последните 24 часа се потврдени 47.499 нови случаи на Ковид-19, со што бројот на заразени во земјата е зголемен на 2.730.803.
По САД, од пандемијата на коронавирусот најтешко погодени земји се Бразил со 1.409.693 заразени лица, Русија со 654.405 заразени и Индија со 591.000 лица.
И покрај падот на бројот на новозаразени и смртни случаи од Ковид-19, Њујорк и понатаму е најпогодената сојузна држава во САД.
Досега во Њујорк коронавирусот е детектиран кај 417.386 лица, а 32.129 лица починаа.
Според бројот на лица позитивни на Ковид-19, по Њујорк следат Калифорнија со речиси 232.000 и Њу Џерси со над 177.000.
Во САД за коронавирусот тестирани се 34.200.000 лица, а досега од вирусот оздравеа над 1.143.000 лица.