Турција

Турција изрази разочарување поради одлуката на ЕУ за забрана на патување на нејзините државјани

„Оваа одлука требаше да биде донесена со објективни критериуми и додека се разгледуваше успехот на земјата, што беше наведено како пример од Светската здравствена организација и меѓународната заедница“, рече Аксој

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı  | 01.07.2020 - Обновена : 02.07.2020
Турција изрази разочарување поради одлуката на ЕУ за забрана на патување на нејзините државјани

АНКАРА

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој, денеска изрази разочарување за одлуката на ЕУ да ја продолжи забраната за патување на турските државјани поради пандемијатата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

Аксој во соопштението ја изрази загриженоста на Анкара во врска со отстранувањето на Турција од неодамнешната листа на 15 земји на кои им е дозволено патување во земјите членки на ЕУ.

„Напорите на Турција, мерките и достигнувањата направени за спречување на појавата на Ковид-19 се очигледни. Оваа одлука требаше да биде донесена со објективни критериуми и додека се разгледуваше успехот на земјата, што беше наведено како пример од Светската здравствена организација и меѓународната заедница“, рече Аксој.

Нагласувајќи ја солидарноста на Турција со меѓународната заедница за време на пандемијата, Аксој изјави дека земјата ќе продолжи со својата соработка и транспарентните информации кои ги споделува со европските институции во врска на пандемијата.

„Очекуваме дека оваа грешка во однос на патните ограничувања за нашите граѓани ќе биде исправена што е можно поскоро“, рече портпаролот.

Според договорот на Блокот, државите на ЕУ постепено ќе ги укинуваат ограничувањата за патувања за државјани кои не се членки на ЕУ, кои беа донесени во средината на март за да се спречи ширењето на Ковид-19.

Европската Унија (ЕУ) ќе го ревидира списокот на секои две недели врз основа на епидемиолошки критериуми, вклучувајќи го и целокупниот одговор на земјите на новиот вирус и намалените стапки на заразување.

Во Турција, намалувањето на бројот на жртви на дневно ниво, зголемувањето на закрепнувањето и понискиот број нови случаи го отворија патот за нормализација на 1 јуни.

Од пандемијата во светот се починати повеќе од 514.000 лица, заразени се 10,5 милиони, а повеќе од 5,8 милиони се оздравени, според интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира информациите од земјите во светот во врска со коронавирусот.

Американските власти велат дека нивните кинески колеги не успеале навремено да ги споделат информациите за болеста.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.