Ekipa
11 Октомври 2019•Ажурирај: 12 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Во рамките на турската операција „Извор на мирот“, во западниот дел на подрачјето Рас ел Ајн, во Сирија, од терористите на ЈПГ/ПКК се исчистени селата Тел Халеф и Асфар Наџар, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската армија од почетокот на операцијата има ослободено вкупно 13 села.
Турција во средата ја започна операцијата „Извор на мирот“ источно од реката Еуфрат во северна Сирија за да ги обезбеди своите граници елиминирајќи ги терористичките елементи и да осигури безбедно враќање на сириските бегалци и да го зачува сирискиот територијален интегритет.
Анкара сака да ги елиминира терористичките елементи од ПКК и нејзиниот сириски огранок ПЈД/ЈПГ.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.