Muhammed Temim Hocaoğlu,Levent Tok,Ömer Koparan
11 Октомври 2019•Ажурирај: 12 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Кудскиот национален фронт и Слободната курдска заедница на Сирија ја поддржаа антитерористичката операција „Извор на мирот", јавува Anadolu Agency (AA).
Вооружените сили на Турција и Сириската национална војска во средата, на 9 октомври, ја покренаа операцијата „Извор на мирот", чија цел е воспоставување на мирот и безбедноста во регионот и уништување на терористичкиот коридор кој терористите намеруваат да го воспостават јужно од границата со Турција.
Курдскиот национален фронт и Слободната курдска заедница на Сирија, која ја сочинуваат сириските Курди, упатија заедничко соопштение во кое изразија поддршка на антитерористичката операција „Извор на мирот" на северот на Сирија.
Во соопштението се наведува дека припадниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК со поддршка на режимот на Башар ал-Асад вршат страшен притисок врз арапскиот и курдскиот народ во регионот.
Се наведува исто така дека ЈПГ/ПКК ги користат курдските млади за да „ги остварат своите подмолни цели".
„Во неколку последни години голем број луѓе колективно мораше да ги напушти арапските и курдските области кои ги зазедоа терористичките организации. Многумина Курди се заробени, а на тоа подрачје се кршат и нивните човекови права", се додава во соопштението.
Понатаму се наведува дека целта на операцијата „Извор на мирот" е од регионот да се оддалечат продолжените раце на ПКК во Сирија и да се отстрани заканата за заедницата на сириските Курди.
„Ја поддржуваме операцијата „Извор на мирот", верувајќи дека претставува надеж за нашиот народ", се заклучува во заедничкото соопштение.