Dilara Hamit,Nilay Kar
11 Октомври 2019•Ажурирај: 12 Октомври 2019
АНКАРА (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека целта на антитерористичките операции кои Турција ги спроведува на северот на Ирак и во Сирија никогаш не е територијалниот интегритет и суверените права на тие земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето на конференцијата за борбата против тероризмот во Истанбул, Ердоган истакна дека моменталната операција на Турција на северот на Сирија не е насочена против Курдите, туку против терористичките групи.
„Турција ќе воспостави безбедност на северната граница и сигурно враќање на Сиријците така што ќе ги отстрани терористичките организации источно од реката Еуфрат, како што тоа го направивме и западно од Еуфрат", рече Ердоган.
Додаде дека со операцијата „Извор на мирот" исто така сакаа да ги заштитат правата на сите луѓе на северот на Сирија, а не да ја делат таа земја.
Истакна дека без воспоставувае на безбедноста не е возможно да се постигне мирот, а дека без мирот нема ниту развор на земјата и напредок.
„Проблемите во нашиот регион не се нашата судбина, во нашите раце е да ги запреме овие лоши случувања. Мирот, безбедноста и благосостојбата во овој регион ги гледаме како клуч на мирот во целиот свет", додаде турскиот претседател.