Ömer Olcay
12 Октомври 2019•Ажурирај: 12 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Во рамки на операцијата „Извор на мирот“, неутрализирани се вкупно 415 терористи на терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Министерството за национална одбрана на Турција го потврди ова преку соопштение објавено на Твитер.
„Во текот на ноќта успешно продолжи операцијата „Извор на мирот“ реализирана во источниот дел на Еуфрат. Позициите на терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ беа ефективно погодени од копно и од воздух. Бројката на вкупно неутрализирани терористи достигна до 415 лица“, се наведува во ова соопштение.
Вооружените сили на Турција и Сириската национална војска во средата, на 9 октомври, ја покренаа операцијата „Извор на мирот", чија цел е воспоставување на мирот и безбедноста во регионот и уништување на терористичкиот коридор кој терористите намеруваат да го воспостават јужно од границата со Турција.